Алкакапс - Нова Палета Меки Желатински Капсули
Алкакапс - Нова Палета Меки Желатински Капсули
Beta Carotene
Beta Carotene

за сонцето да Ви стане пријател

Во текот на летните месеци, изложеноста на сончевите зраци е значително зголемена. За таа цел, заштитата на кожата од штетното дејство на сончевите зраци е неопходна.

Покрај препаратите за заштита на кожата, важно е во овој период да се користи поголема количина бета каротен кој може да предизвика создавање на меланин (пигмент во кожата) и да го неутрализира штетното дејство на слободните радикали, а со тоа да се намали негативниот ефект на сè поопасните сончеви зраци.

Едноставно кажано, задолжителна е употребата на креми со заштитен УВ-фактор, а за што поадекватна заштита и “подготовка” на кожата за сончање со употреба на бета каротен.

Сместен во клетките на дермисот, ги штити клетките на кожата од штетното дејство на УВ-зраците, овозможувајќи правилно потемнување во текот на сончањето, без појава на изгореници и алергиски реакции.

Бета каротенот е најпознатиот природен антиоксидант кој се наоѓа во многу растителни производи со жолта, пороткалова, црвена и зелена боја (морков, спанаќ, кајсија, манго, домат, пиперка). Со негово правилно секојдневно внесување, а по потреба истиот се трансформира во црниот дроб на човекот до витамин А, есенцијален витамин со многу функции во организмот, меѓу другото, и за правилно гледање, посебно ноќе, потоа за правилен раст и развој.

Затоа, бета каротенот е познат и како провитамин А.

Како антиоксидант, тој го штити организмот од штетното дејство на таканаречените “слободни радикали”, непријатели на секоја жива клетка.

Дополнителното внесување на бета каротен како додаток во исхраната не може да предизвика предозирање со витамин А, заради тоа што организмот од бета каротенот создава само неопходни количини од витаминот А.

Максимално дневно внесување, според експерите, изнесува 6mg бета каротен. АЛКАКАПС Бета Каротен желатинските капсули содржат 2mg чист бета каротен во една капсула. Препорачаната дневна доза на овој производ се 2 капсули, наутро и навечер, во текот на оброкот.

● Состав

Претставуваат меки желатински капсули, додаток во исхраната.

Една капсула содржи 6,67mg бета-каротин 30% (еквивалентен на 2mg чист бета-каротин).

● Се препорачува

tick За надоместување на дневните потреби на витамин А и      бета-каротин во пролет и лето.

tick При зголемена изложеност на УВ-зраци, како подготовка      на кожата за сончање.

● Не се препорачува

При преосетливост на бета-каротин и

хипервитаминоза А.
Да не се земаат и други производи што содржат

витамин А, поради опасност од предозирање.

● Начин на употреба

2 капсули во текот на денот, во поделени дози, во текот
на оброкот.

Бремени жени и жени што дојат можат да го земаат
производот во препорачаните дневни дози, по

претходна консултација со доктор.