Алкакапс - Нова Палета Меки Желатински Капсули
Алкакапс - Нова Палета Меки Желатински Капсули
Coenzyme Q10
Coenzyme Q10

за повеќе енергија

Коензимот Q10 (ubidecarenone, ubiquinone) е природен ензимски кофактор, присутен во секоја клетка од човечкиот организам, каде што ја има есенцијалната улога во продукција на енергија, неопходна за функционирање на организмот во целина.

Може да се внесува преку храната (најбогати со коензим Q10 се рибата и месото, како и житарките, сојата, спанаќот и брокулата), а истиот се создава и во организмот. Продукцијата на коензимот Q10 е најизразена во клетките на срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот, а се синтетизира од аминокиселината тирозин, во присуство на витамините Б2, Б6, Б12, фолната киселина, нијацинот, пантотенската киселина и витаминот Ц. Способноста за синтеза на коензимот Q10 во организмот се намалува со годините, затоа и неговата концентрација во крвта опаѓа како што човекот старее.

Коензимот Q10 има повеќе функции во организмот:

● Има незаменлива улога во интраклеточната продукција на енергија, поточно во создавањето на енергетски богатото соединение ATP (Adenosine Triphosphate) во сите клетки, посебно во срцевата и скелетната мускулатура;

● Има улога и на антиоксидант - ги штити клетките од штетното дејство на таканаречените слободни радикали;

● Има улога на имуностимулатор - го активира имунолошкиот систем;

● Го снижува покачениот крвен притисок, употребен самостојно или во комбинација со антихипертензивна терапија.

АЛКАКАПС Коензим Q10 меките желатински капсули содржат 10mg коензим Q10 во една капсула. Препорачаната дневна доза на овој производ е, во зависност од целта, 1-6 капсули во текот на денот, поделени во 3 дози, земени по оброкот. Им се препорачува на сите на коишто им е потребна дополнителна енергија, на постарите лица, на спортистите, на лицата со покачен крвен притисок...

Претставуваат додаток во исхраната, кој може да се зема во аптека без лекарски рецепт.

Пакувањето содржи 60 меки желатински капсули.

● Состав

Претставуваат меки желатински капсули, додаток во исхраната.

Една капсула содржи 10mg коензим Q10

(ubidecarenone, ubiquinone)

Препорачан дневен внес е 1-6 капсули, т.е. 10-60mg коензим Q10

● Се препорачува

tick За нормално функционирање на срцевиот мускул и      циркулаторниот систем.

tick Кај професионални спортисти и постари лица, поради      интензивна физичка активност и намалување на нивото      на коензимот Q10 во крвта и ткивата со текот на      годините.

tick За надоместување на потребите од коензим Q10, што со      исхраната не се задоволени.

● Начин на употреба

По 1-6 капсули на ден, во 3 поделени дози, по оброкот.