Алкакапс - Нова Палета Меки Желатински Капсули
Алкакапс - Нова Палета Меки Желатински Капсули
Alkakaps

Зошто додатоци во исхраната?

  • Кога внесот на неопходни материи преку исхраната не е доволен да ги задоволи дневните потреби од истите.

  • Лесен и едноставен начин на апликација.

  • Ефикасно дизајнирани дозирани форми, кои овозможуваат точно одмерено внесување на нутриенсите.

Меки желатински капсули, како додатоци во исхраната.

Додатоците во исхраната се прехрамбени производи чија цел е да ја надополнуваат нормалната исхрана во услови кога истата не ги задоволува вкупните дневни потреби од хранителни материи.

Претставуваат концентрирани извори на хранителни состојки (витамини, минерали, растителни суровини, есенцијални масни киселини, есенцијални амино киселини или растителни влакна) најчесто во облик на фармацевтски дозирани форми (таблети, капсули, пастили, ќеси со прашкасти материи или ампули), дизајнирани за да можат да бидат употребени во мали мерливи единечни количини.

Се употребуваат кога внесот на хранителни материи преку исхраната не е доволен да ги задоволи секојдневните потреби од истите.

Имено, кај бремени жени и мајки што дојат, кај постари лица или кај лица кои секојдневно се соочуваат со тешка физичка работа или имаат зголемена потреба од енергија, внесот на дополнителни хранливи материи е неопходен. Секако, нивниот лесен и едноставен начин на употреба овозможува точно и одмерено внесување на потребните материи. Тоа е нивната дополнителна предност.

АЛКАКАПС палетата на меки желатински капсули како додатоци во исхраната во моментов брои 5 производи:

  • ALKAKAPS Beta Carotene
  • ALKAKAPS Garlic
  • ALKAKAPS Shark Oil
  • ALKAKAPS Menopaus Relieve
  • ALKAKAPS Coenzyme Q10
  • Beta Carotene
  • Garlic
  • Shark Oil
  • Menopaus Relieve
  • Coenzyme Q10