Алкакапс - Нова Палета Меки Желатински Капсули
Алкакапс - Нова Палета Меки Желатински Капсули
Shark Oil
Shark Oil

чудесен имуностимулатор од морските длабочини

Истражувањата во изминатите 80 години покажале дека алкилглицеролите се проверен имуно-модулатор во случаи на намален имунитет и подложност на инфекции, одлична превенција од малигнитети, ефикасна дополнителна анти-канцер терапија, како и моќен прочистувач на тешки метали.

Имунолошкиот систем е составен од мноштво клетки, секоја со специфична функција во организмот. Функционирајќи како една целина, тие дејствуваат како висококвалификувани војници, кои ја бранат својата територија од каков било непријателски агенс (вируси, бактерии, па дури и сопствени клетки кои мутирале и генетски се промениле, а претставуваат основа за појава на малигнитети-тумори).

Најдобриот начин да се поддржи имунолошкиот систем, природно и ефикасно, е употребата на т.н. алкилглицероли, кои за првпат се изолирани од маслото на црн дроб од ајкула.

АЛКАКАПС Shark Oil меките желатински капсули ги содржат токму алкилглицеролите, кои го стимулираат имунолошкиот одговор. Овие чудесни високоактивни природни материи се всушност, присутни и во човековиот организам, т.е. во коскената срцевина и мајчиното млеко. Со векови, биле користени во форма на масло од црн дроб на ајкула од страна на скандинавските рибари како лек за зараснување рани и при настинки и грип.

Поради нивната хемиска структура, која е многу слична на клеточните мембрани, алкилглицеролите се способни да се вградат во самите мембрани, штитејќи ги на тој начин клетките од штетното дејство на радијацијата.

Алкилглицеролите ја подобруваат и крвната слика, односно ја стимулираат продукцијата на црвени и бели крвни клетки со директно влијание на коскената срцевина.

АЛКАКАПС Shark Oil меките желатински капсули содржат 500mg масло од црн дроб на ајкула во една капсула, со минимум 20% алкилглицероли.

Препорачаната дневна доза на овој производ е, во зависност од состојбата, три пати на ден по 1-2 капсули.

Претставуваат додаток во исхраната, кој може да се зема во аптека без лекарски рецепт. Пакувањето содржи 60 меки желатински капсули.

● Состав

Претставуваат меки желатински капсули, додаток во исхраната.

Една капсула содржи 500mg масло од црн дроб на ајкула (мин. 20% алкилглицероли).

Препорачан дневен внес е 1-6 капсули, т.е. 500-3000 mg масло од црн дроб на ајкула.

● Се препорачува

tick При состојби на намален имунитет, подложност на      инфекции.

tick При состојби на малигнитет (како инхибитор на растот      на туморното ткиво и како адјувант на радијационата      терапија).

tick При нарушена крвна слика со намален број еритроцити      и леукоцити.

● Начин на употреба

3 пати на ден по 1 капсула, половина час пред оброкот, во период од 4 месеци.

3 пати на ден по 2 капсули во тек на првиот месец, а потоa 3 пати на ден по 1 капсула во тек на 4 месеци, половина час пред оброкот, при состојби на малигнитети.

Да не се употребува во услови на бременост и доење.